Забава Избор

Во Охрид се одржа хуманитарна забава со DJ Yoff и Regie Rules

Охрид, 24. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Вчера во организација на Општинската организација на Црвен крст од Охрид се одржа голема хуманитарна забава.

На настанот музика пуштаа охридските дј-и од Супер рдио, DJ Yoff и Regie Rules.

DJ Yoff е познат по клубската музика негов стил е фанк соул фул и тех хаус. Од неодамна е член на Супер радио тимот. Секој вторник од 20 до 21 часот на Супер радио 97 фм се емитува неговото музичко шоу “Strings of Life“.

djyoff

Regie Rules е дј/продуцент/ремиксер. Пушта електронска денс музика (EDM), хип-хоп, хаус и трап. Изработува и ремикс песни на актуелните хитови во својот стил. Исто така тој е дел од тимот на Супер радио. Секој вторник од 22 до 23 часот на Супер радио 97 фм тој ја уредува емисијата “Into the Groove“.

Забавата која се одржа синоќа во кафе барот Шела е во организација на младите волонтери од Црвен крст, вклучени во програмата Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ). Средстава кои беа собрани на забавата ќе бидат наменети за седумгодишно девојче од Охрид.

crvenkrsthumanitarno

Програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) веќе 16 години претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст. Истата се имплементира во сите Општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1200 младинци, потенцијални волонтери во организацијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука