Избор Охрид Хроника

ОБНОВЕНО: Настраданиот при падот од зградата во центарот на Охрид бил американски државјанин

Охрид, 3. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Американски државјанин на возраст од 63-64 години настрада при пад од зграда денес попладне во строгиот центар на градот.

Според до овој момент непотврдени информации, лицето било на возраст од околу 63 или 64 години и било државјанин на САД. Истото настрадало при пад од шести кат на зграда кај „стара автобуска станица“ во Охрид, на делот помеѓу овој објект и зградата на Телеком.

Инцидентот се случил околу 16:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука