Спорт

АТП: Роџер Федерер го освои Истанбул

Истанбул, 4. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Роџер Федерер кој се наоѓа на второто место на АТП листата, го освои турнирот во Истанбул кој се одржува за прв пат оваа година.

Турнирот е од серијата АТП 250, а Федерер во финалето го победи Уругваецот Пабло Куевас со 6-3, 7-6.

Федерер во Истанбул го освои третиот трофеј оваа година по двата во Дубаи и Бризбејн, а 85-ти во неговата кариера.

Вкупниот награден фонд на турнирот во Истанбул изнесуваше 439.405 долари. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука