Планинарски марш “Црн Камен 2015” на Јабланица со ПЕД „Закамен“ Струга
Струга, 5. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – На 7-ми јуни, недела, членовите на Планинарското Еколошко Друштво „Закамен“ од Струга, ќе организираат Планинарски марш до највисокиот врв на Јабланица, Црн Камен, висок 2258 метри надморска височина.
Поаѓањето ќе биде во 07.00 часот на збирно место кај бензинската Макпетрол на влезот на Струга, наспроти гимназијата Нико Нестор и поаѓање кон с. Горна Белица. Собирање на групите ќе биде во селото Горна Белица, каде ќе има пријавување за учество и тргнување кон највисокиот врв на Јабланица, Црн Камен.
Заинтересираните рекреативни и професионални планинари од планинарските друштва од цела Македонија, можат да се пријавуваат најдоцна до 5-ти јуни на e-mail: andrej@zakamen.org.mk или pedzakamen@gmail.com и на Facebook страната www.fb.com/ZakamenPED.
Од ПЕД „Закамен“ информираат дека за искачувањето потребна е соодветна планинарска опрема за влажни услови. За сите предуслови и детали, планинарите можат да се консултираат со активните членови на друштвото. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Закамен
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |