Куманово по пресметката на полицијата со терористичката група (Фото)
Куманово, 11. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – По судирот помеѓу македонската полиција и терористичката група во Куманово, кој траеше два дена, многу делови од градот се уништени.
Вчера, доцна вечерта започна расчистувањето на теренот, а според информациите од таму ќе има многу работа. Во престрелките настрадаа 8 македонски полицајци, а над 30 беа повредени. Беа убиени 14 терористи.
Според информациите од МВР, дел од терористите биле обучувани на Блискиот исток и дел од нив имале искуство во терористички акции во овој регион. (Крај)
извор: emagazin фото: emagazin/АП/Точка
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |