Викендов во Охрид се запрашуваше против комарци, ќе се прска уште најмалку трипати
Охрид, 18.мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за здравство во саботата го извршиja првото авионско запрашување против комарци предвидено за годинава.
Акцијата се спроведе во раните утрински часови. Се прскаше на крајбрежниот појас од населеното место Подмолје до туристичкиот локалитет Свети Наум, како и во Охрид.
Во акцијата беше употребен широкопојасен инсектицид за третирање на комарци кој не е штетен за населението, растенијата и животните.
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, и општината има обврска да спроведе акција за запрашување против комарци. Според наши сознанија, тендерската постапка е во тек, а по изборот на изведувач, ќе се прска уште најмалку трипати.
Минатата година во Охрид се спроведоа пет акции за уништување на комарците кои се пренесувачи на разни заразни болести. Двапати беше извршено авионскопрскање, а во три наврати се вршеше и земјено запрашување. (Крај)
извор:ОхридПрес фото:архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |