Избор Култура

Охриѓанката Томовска ќе ја прими наградата за творба на конкурс во Битола

Битола, 23. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во малата сала на Центарот за култура во Битола, денес ќе бидат промовирани двата зборници за современа детска поезија и поезија за деца „Весела дружина“ и „Распеано славејче“.

Младата охридска поетеса Ана Томовска, која во зборникот „Весела дружина“ е застапена со две песни, е воедно добитник на пофалница за песната „Штурчиња“. Томовска е ученичка во второ одделение во ОУ „Григор Прличев“ во Охрид. На овој конкурс за поезија, кој го организираше Литературниот клуб „Браќа Миладиновци“ од Битола, Ана е единствениот претставник од Охрид.

Свеченото доделување на дипломите за наградените песни и пофалниците, ќе биде во сабота, со почеток во 18:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука