Претседателот на ЛДП Милевски се сретна со струшкиот градоначалник Села
Струга, 29. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на Либерално-демократската партија, Горан Милевски оствари работна средба со градоначалникот на Општина Струга и претседател на Движењето за реформи во ДПА, Зијадин Села.
На средбата било разговарано за актуелните политички случувања во Република Македонија. Од двете страни било констатирано дека единствен услов за излез од политичката криза, било итно формирање на преодна влада со јасен мандат.
Села го изнел ставот дека во Македонија е неопходно да затпочнат суштински разговори за подобрување на статусот и правата на Албанците во Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |