Делата на охриѓаните Мише и Целкоски добиваат се’ поголема промоција во меѓународни рамки
Софија/Охрид, 29. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Уметничките дела на охриѓаните Зоран Мише и Павел Целкоски, кои живеат и работат во Софија, Бугарија, заземаат се’ позначајно место во културниот живот во меѓународни рамки.
Овие двајца уметници посветено работат на промоција на модерната уметност. Нивните дела две години по ред се дел од традиционачната изложба во просторот на Галеријата „Црвената точка“.
Деновиве, пак, дела на Мише беа претставени на Интернационалната Изложба за принт Арт “In Search of the Lost Paradise”.
Исто така, дела на двајцата охриѓани, Мише и Целкоски, заедно со графики на други уметници, неодамна беа поставени на Годишната средба на Ротари клубовите од Бугарија.
Уметниците работат во PRINT NEST уметничкото студио во Софија, со уште двајца македонски уметници, кои живеат и работат во Бугарија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |