Македонија

САД со поддршка за преговарачките напори на Хан

Скопје, 6. јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – Заменик-државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, ги поздравил успешните преговарачки напори на еврокомесарот Јоханес Хан од порано неделава, и ги охрабрил македонската Влада и опозицијата за реафирмирање на заложбата од 2 јуни за европските принципи, меѓуетничките и добрососедските односи, во подготовките за предвремени избори на крајот од април следната година.

Блинкен ова го изјавил по средбата со Хан, на која се разговарало за неодамнешниот Самит за источното партнерство на Европската унија во Рига, и за политиката на ЕУ кон истокот, особено фокусирајќи се на Украина, на Грузија, на Србија, на Македонија, на Босна и на Молдавија, пренесе Гласот на Америка.

Заменик-државниот секретар подвлекол дека патот напред за Македонија нема да биде лесен, но, дека САД, заедно со европските партнери, ќе бидат активно вклучени во поддршката на земјата во справувањето со предизвиците, и за постигнувањето на крајната цел – евроатланската интеграција. (Крај)

извор: VOA/Капитал фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука