Охриѓанец навредувал полициски службеници
Охрид, 7. јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе барање за поведување прекршочна постапка против 44-годишниот Р.В. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено дело согласно законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
На петти овој месец, пријавениот на јавно место го нарушил јавниот ред и мир со вербален напад, омаловажување и навредување на полициски службеници кои во моментот извршувале службени задачи од областа на безбедноста.
Настанот се случил во 11:30 часот на крстосницата на булеварот „Туристичка“ со улицата „Распаќе“ во Охрид каде полициските службеници вршеле контрола во патниот сообраќај. Притоа, без да биде запрен и по ниту еден друг повод, пријавениот Р.В. го сопрел својот патнички автомобил марка „Ауди А-6“ и преку отворениот прозор на силен глас и видно револтиран започнал да ги навредува полициските службеници упатувајќи им низа омаловажувачки и непристојни зборови. Потоа со голема брзина го напуштил местото на настанот.
Пријавениот бил повикасн во СВР Охрид и со него бил извршен разговор за околностите и причините за стореното омаловажување на државен орган, односно омаловажување и навредување на службено лице на
државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |