Официјален Берлин загрижен за Македонија
Берлин, 13. јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – Германија „со загриженост го следи развојот во Македонија“, изјави германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер во обраќањето пред Бундестагот.
Пред парламентот тој зборуваше за прашањето за продолжување на мандатот на КФОР во Косово, но голем дел од изјавата посвети на ситуацијата во Македонија, пренесува „Дојче Веле“.
– Ние сме заинтересирани за стабилен и добрососедски Западен Балкан. Соодветно ги следиме настаните во различни држави не само со интерес, туку понекогаш и со загриженост, рече Штајнмаер.
Застанувајќи конкретно на Македонија, тој експлицитно истакна дека го следел со загриженост развојот кризата.
– Враќањето назад не е исклучено ако политичарите не ја оправдаат својата одговорност. Минатата недела се чинеше дека е постигнат пробив напред, истакна шефот на германската дипломатија. (Крај)
извор: Дојче Веле фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |