До крајот на летото комуналниот отпад ќе се собира во шест часот наутро
Охрид, 22.јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – Комуналниот отпад од домаќинствата и правните субјекти во периодот од 29.јуни до 31.август ќе се собира во шест часот наутро, информираат од јавното претпријатие „ Охридски комуналец“ .
Ова, како што велат од претпријатието, се прави со цел да се овозможи повисоко ниво на хигиена во градот во текот на летната туристичка сезона.
До шест часот наутро, граѓаните и правните лица ќе мора да го извадат сметот пред своите дворни места со цел екипите на претпријатието да можат да го подигнат без проблеми. (Крај)
извор:ОхридПрес фото:ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |