Пријавување за субвенции за добивање ознака „национален ресторан-меана“
Скопје/Охрид, 23. јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – Угостителските објекти заинтересирани да добијат субвенции за ознака „национален ресторан – меана“ може да се пријават до 30-ти септември годинава.
Огласот за добивање субвенции го објави Министерството за економија, а вредноста на повикот е 1.000.000 денари.
Субвенционирањето на угостителските објекти за добивање на ознаката се врши преку кофинансирање 60 проценти од докажаните трошоци, но не повеќе од 120.000 денари кои ќе се направат за набавка на опрема, алати и инвентар, печатење промотивен материјал, учество на обуки, семинари и презентации, уредување или подобрување на деловниот простор.
Средствата не може да се користат за набавка на потрошен материјал и возила, закупнина за деловен простор, платен ДДВ за трошоците за кои се бара кофинансирањето, како и за царина за трошоците.
Изборот на пристигнатите барањата ќе се прави по принципот „прв дојден, прв услужен“, односно по редослед на поднесување на апликацијата, до исцрпување на средствата. (Крај)
извор: economy.gov фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |