Економија Избор Охрид

Се зголемува продажбата на државните станови во Охрид

Охрид, 29.јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – Продажбата на комерцијални станови од Агенцијата за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор ги надмина очекувањата. За еден месец се продале дури 14 станови. Претходно пак едвај се продавал еден стан годишно, пишува весникот „Вечер“.

Со последната одлука на Владата, со која по 100 евра за квадратен метар поефтинија државните станови, конечно се раздвижи пазарот на недвижности во Охрид.

Гоце Георгиески, раководител на акционерското друштво подружница Охрид, вели дека понудената цена, која на 40-те станови во објектот Расадник од 700 евра иснесува 599 , ги направи подостапни за купците, со реална и ниска цена.

Според него, доколку има потреба ќе се бара поатрактивна локација за изградба на нова зграда. Моментално пак, заинтересираните можат да купат стан од 38 до 60 метри квадратни.

Инаку, години наназад, во најголемиот туристички центар во земјава драстично опаѓа побарувачката на новоизградените станови, а причината според упатените е слабата куповна моќ на граѓаните. Од Агенциите за недвижности едногласно велат дека единствено во Охрид купувале станови Македонци кои живеат во странство, печалбари или луѓе од Скопје. (Крај)

извор:Вечер фото:архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука