Забава КЕРИМ News

Контра вести на Супер радио – КЕРИМ news

Охрид, 2. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Најдобрата музика, проверени, брзи и точни информации, но и насмевка на вашето лице.

Ова се трите моменти кои ги имате на едно место, доколку вашиот радио приемник е „наштиман“ на 97.00 Mhz на FM скалата, можеби не слушате на www.superradio.com.mk или се читаме на www.ohridpress.com.mk.

Токму во делот со насмевките, Супер радио со почетокот на месец јули, па во текот на целото лето, ќе снима „осврти“ на актуелните состојби во Охрид, Македонија и светот, низ призмата на една од охридските легенди, популарниот Керим.

Слушајте ги „вестите“ секој ден во 11:00, 13:00, 17:00, 01:00 и 05:00 часот на Супер радио. На OhridPress ќе имате и транскрипт од „вестите“, но и видео материјал. Сите вести ќе можете да ги погледнете ОВДЕ, но и на официјалните Facebook страни на Супер радио и OhridPress.

Лето 2015-то на Супер радио. Бидете со нас!!! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука