Забава Избор КЕРИМ News

Контра вести на Супер радио – КЕРИМ News Vol.5 (ВИДЕО)

Охрид, 5. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Најдобра музика, проверени, брзи и точни информации, но и насмевка на вашето лице.

Ова се трите моменти кои ги имате на едно место, доколку вашиот радио приемник е „наштиман“ на 97.00 Mhz на FM скалата, можеби не слушате на www.superradio.com.mk или се читаме на www.ohridpress.com.mk.

Токму во делот со насмевките, Супер радио со почетокот на месец јули, па во текот на целото лето, ќе објавува „осврти“ на актуелните состојби во Охрид, Македонија и светот, низ призмата на една од охридските легенди, популарниот Керим.

Транскрипт во оригинал:

Сакам да ги упатам младиве значит тие си го знает родумот значит постоет велгошти ко ке почнет од велгошти се до долу значит тие знает да прает клипчина значит тие знает да пеет значит ние млади имаме духовно обучени а во то обученост нивно јас не можам да ги сватам младиве што не может да ги испоштовет стариве значит стара генерација треба да се поштоват затоа што старите му давет опстанок на родумот на помладиве и во тоа требит тие сами да знаат како треби да се понашат со еден културен постар човек што живеел светски дали живеел германски дали живеел албански тој требит да има респект према тој стар човек од моја страна.

Слушајте ги „вестите“ секој ден во 11:00, 13:00, 17:00, 01:00 и 05:00 часот на Супер радио. На OhridPress ќе имате и транскрипт од „вестите“, но и видео материјал. Сите вести ќе можете да ги погледнете ОВДЕ, но и на официјалните Facebook страни на Супер радио и OhridPress.

Лето 2015-то на Супер радио. Бидете со нас!!! (Крај)

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука