Женската репрезентација на САД светски првак во фудбал
Ванкувер, 6. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Женската фудбалска репрезентација на САД по трет пат во својата историја ја освои титулата светски првак. Во мундијалското финале кое се играше во Ванкувер, Американките ја победија Јапонија со 5-2.
Јапонките беа декласирани уште во стартните 16 минути од мечот кога нивните противнички веќе водеа со 4-0.
Јапонија во 52-та минута успеа да намали на 4-2 но Карли Лојд со својот ‘хет трик’ стави точка на мечот со неверојатен гол од голема далечина. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |