Спорт

Примера дивизија започнува на 22-ри Август

Мадрид, 15.јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Упрвата на Примера дивизија соопшти дека новата сезона во Шпанија ќе започне на 22-ри август а актуелниот шампион Барселона и Реал Мадрид сезоната 2015/2016 ќе ја започнат на гости.

Каталонците во дерби натпревар од првото коло ќе гостуваат во Билбао кај Атлетик, додека Реал Мадрди во Хихон ќе му гостува на новиот прволигаш Спортинг. Првото „Ел Класико“ дуел во новата сезона ќе се одигра на 8-ми ноември на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ додека Барселона ќе му биде домаќин на Реал на 2-ри април наредната година.

Сезоната 2015/2016 во фудбалското првенство на Шпанија ќе заврши на 15-ти мај 2016 година. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука