Спорт

НБА: Џош Смит ги засили ЛА Клиперси

Лос Анѓелес, 18. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Според американските медиуми екипата на ЛА Клиперси се засили со искусниот крилен центар Џош Смит.Ветеранот изминатата сезона беше еден од најзаслужните за победата на Хјустон над Клиперси, во втората рунда од плеј-офот.

Просекот на Смит минатата сезона беше 12,4 поени со по 6,4 скока и 3,3 асистенции, а во Клиперси ќе игра за 1,5 милиони долари годишно.

Клиповите пред Џош Смит,го доведоа ветеранот Пол Пирс, а на ДеАндре Џордан му дадоа максимален договор. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука