Забава КЕРИМ News

Контра вести на Супер радио – КЕРИМ News Vol.28 (ВИДЕО)

Охрид, 28. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Најдобра музика, проверени, брзи и точни информации, но и насмевка на вашето лице.

Ова се трите моменти кои ги имате на едно место, доколку вашиот радио приемник е „наштиман“ на 97.00 Mhz на FM скалата, можеби не слушате на www.superradio.com.mk или се читаме на www.ohridpress.com.mk.

Токму во делот со насмевките, Супер радио со почетокот на месец јули, па во текот на целото лето, ќе објавува „осврти“ на актуелните состојби во Охрид, Македонија и светот, низ призмата на една од охридските легенди, популарниот Керим.

Транскрипт на „вестите“ во оригинал:

– Никој не му.. никој не е.. би му помогнал на секој еден тип од вујко дедо и татко, дали мајка било нема да му помогнит затоа што тој тип го фатил тој пат, и на тој пат ќе си ги најт во тие патишта од мене то е со аргумент и факт, значи ако е тој пијаница ќе си бидит за век пијаница значи ако тој тип, не требит да барат тој помош сега од татко или од вујко тој не требит да барат, сега помош од сестра брачеда самиот требит да мислит кај згрешил, вие слушате супер радио Ќерим е со вас нон стоп а времето денеска ќе бидит сончево, времето денеска ќе бидит сончево со ведро со дување на ветришта
значит јас не посакувам не посакувам да бидит дождливо поздрав.

Слушајте ги „вестите“ секој ден во 11:00, 13:00, 17:00, 01:00 и 05:00 часот на Супер радио. На OhridPress ќе имате и транскрипт од „вестите“, но и видео материјал. Сите вести ќе можете да ги погледнете ОВДЕ, но и на официјалните Facebook страни на Супер радио и OhridPress.

Лето 2015-то на Супер радио. Бидете со нас!!! (Крај)

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука