Економија Избор Охрид

Летна маркетинг акција на Супер радио и OhridPress – плати едно, добиваш две!

Охрид, 31. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – За закупена реклама на Супер радио, со новата летна акција, добивате во пакет и бесплатен банер на OhridPress, информираат од најслушаната локална радио станица во Република Македонија – Супер радио од Охрид.

– Искористете ја можноста да се рекламирате на најслушаната локална радио станица и на порталот на кој му верувате. Информации на телефон 046/260-078, на Facebook страната на Супер радио или на маил адресата superradio@superradio.com.mk, велат од Супер радио од каде додаваат дека во последно време средствата за маркетинг кои се одвојуваат секој ден се се` помали, па затоа сите компании треба да соработуваат со најдобрите, сега и по екстра поволни цени и со дополителни погодности.

letnaakcija2Со просечен дневен досег од 7,69% кај слушателите, Супер радио и во вториот квартал на 2015-та година останува водечка во својот регион и една од најпопуларните радио станици во Република Македонија.

Податоците се извлечени од официјалната анкета за досегот на радиостаниците и уделот на сателитските, регионалните и локални ТВ станци во вкупната гледаност – во вториот квартал на 2015 година, изработена за потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија.

На прагот на 23-та година од постоењето, Супер радио останува еден од водечките медиуми во западниот дел од државава, со комплетна музичка, забавна, информативна и спортска програма.

Супер радио беше на врвот на популарноста и според последната анкета од мај 2015-та година.

– Ви благодариме за довербата, продолжуваме заедно понатаму. Охрид останува СУПЕР, вели уредникот Јане Стефанов. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука