Забава КЕРИМ News

Контра вести на Супер радио – КЕРИМ News Vol.35 (ВИДЕО)

Охрид, 5. август 2015 (ОХРИДПРЕС) – Најдобра музика, проверени, брзи и точни информации, но и насмевка на вашето лице.

Ова се трите моменти кои ги имате на едно место, доколку вашиот радио приемник е „наштиман“ на 97.00 Mhz на FM скалата, можеби не слушате на www.superradio.com.mk или се читаме на www.ohridpress.com.mk.

Токму во делот со насмевките, Супер радио со почетокот на месец јули, па во текот на целото лето, ќе објавува „осврти“ на актуелните состојби во Охрид, Македонија и светот, низ призмата на една од охридските легенди, популарниот Керим.

Транскрипт на „вестите“ во оригинал:

– Српскиве пејачи тие биле како најдобар профил во историјава шо навистина српскиве пејачи би го направиле најдоброто хартко во историјава и навистина сум многу горд и навистина сум многу усреќен со тоа што Србија има некоја историја шо навистина тие ги откажале шо навистина политички се захвалени од Македонија и не може да разбере како изгледала Албанија, Египет, Македонија, Грција, Бугарија и ред други работи Немци тамо да не ги наброиме Германциве…

Слушајте ги „вестите“ секој ден во 11:00, 13:00, 17:00, 01:00 и 05:00 часот на Супер радио. На OhridPress имате и транскрипт од „вестите“, но и видео материјал. Сите вести ќе можете да ги погледнете ОВДЕ, но и на официјалните Facebook страни на Супер радио и OhridPress.

Лето 2015-то на Супер радио. Бидете со нас!!! (Крај)

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука