Спорт

Жорди Алба паузира две недели

Барселона, 7. август 2015 (ОХРИДПРЕС) – Барселона ќе биде без услугите на левиот бек Жорди Алба за престојните два меча од Суперкупот на Шпанија против екипата на Атлетик Билбао.

Дефанзивецот заработи повреда за време на пријателскиот натпревар против Рома и од клубот потврдија дека тој ќе отсуствува 2 недели од терените.

Алба има повреда на бутниот мускул, а од лекарскиот штаб најавија дека повредата не е сериозна, но мора да се третира со мирување во период од 10 до 15 дена. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука