Манчестер Јунајтед нуди 40 милиони фунти за Хари Кејн!?
Манчестер, 7. август 2015 (ОХРИДПРЕС) – Манчестер Јунајтед упатил фантастична понуда за напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн, пишува англиски „Експрес“.
Не се споменава точниот износ кој „црвените ѓаволи“ го понудиле за младиот напаѓач, но претпоставките се дека тој изнесува околу 40 милиони фунти.
Кејн беше изоставен од составот на Тотенхем за мечот против Милан на „Ауди Купот“, па тоа само дополнително ги вжешти шпекулациите за неговата иднина. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |