ВМРО-ДПМНЕ: Никола Груевски во Охрид стави во употреба значаен инфраструктурен проект
Охрид, 8. август 2015 (ОХРИДПРЕС) – Желбата на СДСМ да дојде на власт никако да се исполни. И додека нема ни трага ни глас од нивниот претседател Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во Охрид стави во употреба значаен инфраструктурен проект, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ на изнесеното во вчерашниот допис до медиумите на ОО на СДСМ од Охрид.
– За среќа на охриѓани и несреќа на СДСМ, Премиерот Груевски уште многу пати ќе доаѓа во Охрид да ја стави во употреба реконструираната улица „Питу Гули“, да го постави камен темелникот на затворениот зелен пазар, на современата автобуска станица, на затворениот пливачки базен. ВМРО-ДПМНЕ за период од две години реализира вкупно 188 проекти. Од СДСМ заборавија дека е реконструиран патот Елешец – Елшани, дека е изградена атмосферската канализација на улица „Ристо Чадо“, а во тек е нејзина комплетна реконструкција, дека има нова атмосферска канализација на трите улици: „Сатеска“, „Трајче Трајчески“ и „Мича Гилиќ“ во населба Воска по што целосно ќе се реконструираат улиците. Од СДСМ заборавија дека наскоро и тие ќе се движат по реконструираната улица „Питу Гули“, а веќе се рекреираат по модерната пешачка и велосипедска патека кај каналот Студенчишта, стои во реакцијата. (Крај)
извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |