Забава КЕРИМ News

Контра вести на Супер радио – КЕРИМ News Vol.41 (ВИДЕО)

Охрид, 12. август 2015 (ОХРИДПРЕС) – Најдобра музика, проверени, брзи и точни информации, но и насмевка на вашето лице.

Ова се трите моменти кои ги имате на едно место, доколку вашиот радио приемник е „наштиман“ на 97.00 Mhz на FM скалата, можеби не слушате на www.superradio.com.mk или се читаме на www.ohridpress.com.mk.

Токму во делот со насмевките, Супер радио со почетокот на месец јули, па во текот на целото лето, ќе објавува „осврти“ на актуелните состојби во Охрид, Македонија и светот, низ призмата на една од охридските легенди, популарниот Керим.

Транскрипт на „вестите“ во оригинал:

– По мое, а би требало, ако јас еден граѓанин во Охрид би требало да бидат поскапено тие пијачки затоа што секој еден граѓанин и секој еден средношколец шо имат учено школа и во таа школа тој има таа манипулација од сите и е многу префиран од секој еден тип. Значит тоа требит да бидит поскапено во име мое значит требит да се поскапет тие пијалоци во летниот период…

Слушајте ги „вестите“ секој ден во 11:00, 13:00, 17:00, 01:00 и 05:00 часот на Супер радио. На OhridPress имате и транскрипт од „вестите“, но и видео материјал. Сите вести ќе можете да ги погледнете ОВДЕ, но и на официјалните Facebook страни на Супер радио и OhridPress.

Лето 2015-то на Супер радио. Бидете со нас!!! (Крај)

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука