Спорт

Ван Гал: Де Геа нема да оди никаде ова лето!

Лондон, 22. август 2015 (ОХРИДПРЕС) – Голманот на Манчестер Јунајтед Давид де Геа нема да го напушти клубот до крајот на летниот преоден рок, изјави менаџерот на „црвените ѓаволи“ Луис ван Гал.

Претходно дел од медиумите објавија дека де Геа ќе премине во Лос Бланкос, поради што 24-годишниот голман го изгуби местото во стартниот состав на тимот.

– Мислам дека кога Манчестер Јунајтед ќе посака некој играч, тој е должен да премине во клубот. Освен во случаите каде неговиот клуб одбива да го продаде. Таков е случајот со нас. Не го продаваме де Геа, рече Ван Гал за АФП.

Манчестер Јунајтед со две победи го стартуваше шампионатот во Англија, а во третото коло ќе игра против Њукасл. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука