Спорт

Челзи нуди 120 милиони евра за Пол Погба?

Лондон, 22. август 2015 (ОХРИДПРЕС) – Медиумите во Англија објавија дека првакот во премиерлигата Челси сака да направи неверојатен трансфер во финишот на летниот преоден рок.

Раководството на клубот од „Стемфорд бриџ“ е подготвено да испрати понуда до Јувентус за Пол Погба вредна 120 милиони евра.

Директорот на Јувентус, Бепе Марота, ова лето неколку пати истакна дека Погба не е на продажба, но сеуште не се знае како би реагирала „старата дама“, доколку навистина на нивна адреса пристигне вртоглава понуда за Погба. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука