Missing image

Јункер на средба со Порошенко за примирјето

Киев, 22.август 2015 (ОХРИДПРЕС) – Шефот на Европската комисија, Жан Клод Јункер на 27 август во Брисел ќе се сретне со украинскиот претседател Петро Порошенко со кој ќе разговара за прекинот на огнот во источна Украина.

Ескалацијата на борбите во источна Украина се закана за примирјето потпишано во февруари во главниот град на Белорусија, Минск помеѓу проруските бунтовници и владините сили.

Порошенко на 24 август во Берлин ќе оствари средба и со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, кои беа присутни на потпишувањето на примирјето.(Крај)

извор:РСЕ фото:архива