Избор Охрид

Утре започнува Конференцијата на генералштабови во Охрид

Охрид, 15. септември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Од утре до 18-ти септември во Охрид ќе се одржи деветнаесеттата Конференција на началници на генералштабови (НГШ) на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5).

Според началникот на Генералштабот на АРМ генерал потполковник Методија Величковски, САД-Јадранската повелба е еден од најуспешните проекти за регионална соработка, а фактот што Македонија е домаќин, а БиХ претседавач со конференцијата покажува колку е добра соработката меѓу земјите членки на А-5.

Очекува присуството на високи воени раководители од САД на претстојната конференција во Охрид да и даде дополнителна тежина и да претставува импулс за побрз прием во НАТО на земјите од регионот.

На покана на домаќинот прв пат на конференциите од ваков обем како гости ќе присуствуваат и командантите или нивните заменици на националните гарди на САД кои се партенри на земјите членки на А-5 и тоа бригадниот генерал Стивен Ферари од Националната гарда на Њу Џерси која е партнер на Албанија, полковник Шон Кејси од Националната гарда на Мериленд, партнер на БиХ, генерал мајор Ричард Ц. Неш од Националната гарда на Минесота, партнер на Хрватска, генерал мајор Стивен А. Креј од Националната гарда на Вермонт, партнер на Македонија, бригаден генерал Џерард Ф. Болдук од Националната гарда на Мејн, партнер на Црна Гора, како и генрал мајор Тимоти Е. Ор од Националната гарда на Ајова која е партнер на Косово и гостинот генерал потполковник Рахман Рама командант на Косовските безбедносни сили. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука