За Охридцките работи Избор

Охрид се гради!!!

За Охридцките работи
Бр. сл. 020/10/2015
Охрид, 12. октомври 2015 година

Пред некое време ми се јави едно добро пријателче од туѓина. Не го имав слушнато подолго време  и стварно ми го насмеа денот. Па како е шо има ново, шо работиш, па до каде сте, ќе биде, не ќе биде… А чоечево е сериозно вљубен во Охрид и прашува како е во градов – шо има ново. И му кажувам јас кружен тек онде (и онде, и овде, и онде, и онде…), фонтана онде, 150 метри патека кај каналон, асфалтче овде, онде… Муљам нешто, демек ќе биде полека, полека. И добро вика, генерално што е подобрено во градот?

– Па сексуалниот живот на одговорниве, му викам, генерално тоа е најмногу подобрено…

Така беше…

Ај сега со поладна глава, поминаа дождовиве, преживеавме некако.

Значи, супер што ја „рехабилитиравте“ улицата „Питу Гули“ кај Влашка мала. БРАВО за Владава на РМ, петка на рачето за тоа (сега уште Ставрески да си го исполни ветувањето и да даде уште екстра милионче – ветување си е ветување). Можда за мој вкус не мораше на сред лето да се работи, ама на првиов посериозен зафат не памтам од кога да не му гледаме во забите. Дури и симпатично делуваше спинчето во обид деновиве дека само таму не било поплавено. Е  тоа де, тоа бараме – направете ги сите улици така и канализацијата средете ја и нема да имаме проблеми повеќе.

kruzentekraca

Добро бе, кој беше „Мастермајндот“ шо му текна кај Рача и семафори и кружен тек да се стави?

А?

Не озбилно… Значи не е мала работа. Претпоставувам дека имало Brainstorming, па се собрале ова умовиве, па вака ќе правиме, не така ќе правиме, Предлог план 1, Предлог план 2, Предлог план 3….. Предлог план 54… (ко фонтанана шо утврдивте дека била поголема, па ја кратевте) и оп сте стигнале до финален проект.

Вака беше сигурен сум…

Или можда:

– Шефе извини Рача сме, шо да стајме овде Кружен тек или семафори?
– Шо знам бе… Стајте од двете па ќе видиме после.

Потака кон Св. Наум, после само 500 метри, оп фатаморгана – оп уште едни семафори.

Да го цитирам Кили – Ма немој да ме је#@ш бре!!!

Знам дека имате повисоки агенди, ама ево еден скромен предлог:

Баталете кружни текови и земете направите нешто од она што сериозно му треба на градов – асфалтирани улици, канализација која нема да го поплави градов после секој дожд, електро мрежа која нема да „избива“ секоја зима… Знам дека дел „не е ваша работа“, ама нели една песна пеете сега со власта, нели „ние двајца Охрид ќе го…). Подобро во еден мандат да имаме еден до два поголеми – капитални проекти по кои ќе Ве помниме засекогаш, отколку ова што ни се сервира. Следниот „Кмет“ ќе стокми уште еден два капитални и оп стануваме град. Вака со уште еден дожд сличен на овој последниов, ќе се удавиме во сопствените го#@а. Господо, не е поентата во тоа што сте ги средиле последиците во два-три дена, туку во тоа воопшто да не дојде до поплави…

Ски центар, марина, базени… Тоа е се` супер, но прво МОРА да се средат основниве – најважните работи. Почитувани, 90% од главната инфраструктура во Охрид е од времето на Јосип Броз Тито (тоа е оној браварон шо му го сменавте името на улицата и шо Ви обезбеди бесплатно да се образовате за да плукате после по него и по борците негови. Од BBC од документарецон оној – види на Google имат појќе).

akvariuspoplava

Ги гледам фотките кои ги има објавено Буде од пред „Аквариус“. Каде е исчекорот тука момци – ова е слика која ја гледаме во овој дел од градов од ко памтам за себе (блазе си им на оние од „НОА“ – тие сигурно Арка имет, ќе се спасет од овие библискиве потопи). Ако не, напрајте еден мини-кружен кај од Зарче куќана, па нека вртит водата…

Јас Ве разбирам момци потполно – ене го април кај е, зато сте Вие растрчани. Три години се сликавме по канцеларии и шеткавме ваму таму и сега Ви текна шо лафевте во кампањата.

Значи момци само битно – бавете се со битни работи и само така и вие ќе станете битни. Вака… Ништо од бизнисот…

За крај два три збора од Светецот, на кого му „монтиравте“ лизгалиште околу споменикон на плоштад:

„Избегнувањето на злото е вистинска работа, но правењето добро е уште повистинска работа. Неа треба постојано да ја посакуваме, да ја правиме и тоа да го истакнуваме и кај себе и кај другите…“

Ај така, бидете ми добри…

Сашо Митан

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука