Полагање на Државната матура по досегашниот метод
Охрид, 21. октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охридските матуранти, заедно со нивните врсници од училиштата низ целата држава, и годинава ќе полагаат државна матура останува по старо.
Математиката нема да биде задолжителен предмет при полагањето на државната матура.
И за годинашните матуранти ќе важи стариот концепт. Ќе полагаат 2 екстерни и 2 интерни предмети. Задолжителен ќе биде само мајчиниот јазик. Нема да се примени ниту електронското полагање.
Охридските матуранти, посебно од охридската гимназија, две години по ред беа меѓу најдобрите 10 рангирани училишта по постигнати резултати на државната матура.
– Измените на државната матура се одложени за септември 2016 година и во овој период ќе направиме се што е во наша моќ да бидат вклучени сите засегнати страни за да се дојде до најдобрите можни решенија, велат од Министерството за образование. (Крај)
извор: ОхридПрес/mon фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |