Економија Избор Охрид

ЈП „Македонски шуми“: Огревното дрво ќе се дистрибуира до граѓаните до 15-ти ноември

Скопје/Охрид, 23. октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – Колегиумот во проширен состав на ЈП „Македонски шуми“ и раководителите на подружниците низ градовите одржаа состанот за снабдување на населението со огревно дрво оваа зимска сезона 2015/2016.

Склучени се договори за 385 216м3 огревно дрво, од кои досега до населението на територијата на целата држава се испорачани вкупно 327 020м3 огревно дрво. На состанокот беше договорено до 1-ви ноември годинава да бидат испорачани уште 26 492 м3 огревно дрво, а остатокот до 15-ти ноември. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука