grasnicacistenje

Расчистено коритото на реката Грашница

Охрид, 5.ноември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве е расчистено речното корито на реката Грашница на потегот по улица „Прилепска“ до пресекот со улицата „Железничка“.

Во моментов во коритото нема водостој што беше олеснителна околност за отстранување на бујната вегетација и расфрланиот отпад.

Надлежните апелираат жителите кои живеат во овој потег на градот да не го исфрлаат отпадот во речното корито бидејќи со надоаѓање на реката тој ќе заврши во водите Охридското Езеро. (Крај)

извор:ОхридПрес фото:ОхридПрес