Избор Охрид Струга

Во декември Отворени денови на Централниот регистар во Охрид и Струга

Охрид/Струга, 26. ноември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Централниот регистар на Република Македонија од понеделник ќе организира Отворени денови во регистрациските канцеларии низ државата.

Отворените денови во Охрид и Струга се закажани за 15 декември.

Во рамките на акцијата тимови на Централниот регистар ќе бидат достапни да информирмираат за измените во законската регулатива, како и да одговарат на сите отворени прашања на граѓаните.

Ова е трета акција на Централниот регистар на Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука