Економија Избор Охрид

Прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Охрид, 4. декември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.

Денеска поради изведување работи на пат, минирање, на патот А2 Кичево – Охрид, на делот помеѓу Пресека – село Врбјани сообраќајот ќе биде во прекин од 15 до 20 минути помеѓу 12:30 – 14:30 часот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар-крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука