Македонија Празници

Еврејската заедница денес го празнува Ханука

Скопје, 6. декември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Денеска е Ханука, празник на светлината кој трае осум дена и осум ноќи.

За Ханука се користи посебен свеќник со осум свеќи познат под името ханукија или менора за Ханука.

Свеќата што се наоѓа на издвоена позиција (повисоко или пониско од останатите) се користи како дополнителна свеќа за палење на другите свеќи и се нарекува шамаш.

Палењето на свеќите е централен чин за Ханука; првата ноќ се пали првата свеќа од десната страна на ханукијата, а потоа секој нареден ден се пали по уште една.

На овој начин, сите осум свеќи се запалени на осмиот ден и го симболизираат непрекинатото горење на маслото во Храмот по победата на Макабејците. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука