akcijatamaro1

Продолжува традицијата – „Тамаро“ за Бадник подели 1.500 пакетчиња (Фото)

Охрид, 6. јануари 2016 (ОХРИДПРЕС) – Охридски „Тамаро“, фирмата која постои повеќе од 18. години, уште еднаш докажа дека е најблиску до охриѓани и дека прераснува во општествено одговорна компанија, која е нераскинлив сегмент од секојдневното живеење на градот.

Тие денес ја продолжија 18. години старата традиција, која беше возобновена пред три години и од одговорност кон своите вработени, прерасна во акција која е насочена кон целиот град, особено кон најмладите, кои се и најрадосни токму за време на новогодишните и божиќните празници.

– Денес, на наша голема радост, за Бадник, како предвесник на големиот христијански празник Божиќ ја продолжуваме нашата традиција, која сопствениците на компанијата ја воведоа пред 18. години, со самото формирање на фирмата. Полни 15. години делевме подароци и позитивно празнично расположение за нашите вработени, за од пред три години, од сето тоа да направиме една акција, која на наше големо задоволство, беше одлично прифатена од страна на нашите сограѓани. „Тамаро“ веќе подолго време е повеќе од маркет, ние сме нераскинлив дел од секојдневниот живот на нашите потрошувачи, кои се наши пријатели. А нели овие празници се слават со семејството и пријателите, велат од „Тамаро“.

akcijatamaro2Денес Дедо Мраз, на акцијата која се одржа во ИБ Фитнес Центарот во Охрид, подели над 1.500 пакетчиња за најмладите охриѓанчиња.

– Дојдоа преку 3.000 луѓе, кои ја препознаа искреноста на нашата акција и на сите им благодариме од срце за големата поддршка, додаваат одговорните од маркетите „Тамаро“.

Неодамна заврши супер-успешната акција „Сладок декември“, кога во текот на последниот месец од минатата година, сите потрошувачи на „Тамаро“ маркетите во Охрид и Струга, добиваа вредни награди. Целата акција кулминираше со огромната торта од над 300 килограми, која ја пробаа над 700 наши сограѓани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива