Избор Култура

Четврта меѓународна конференција за културно наслество „Охрид-Водици 2016“

Охрид, 15. јануари 2016 (ОХРИДПРЕС) – Четвртата меѓународна конференција за културно наслество, економски развој, туризам и медиуми „Охрид-Водици 2016“, ќе се одржи од 17-19 јануари.

Конференцијата оваа година се фокусита на темата “Тероризмот, миграција, бегалци – современи предизвици за културните идентитети, наследство, економијата, туризмот и медиумите “.

Најавено е присуството на 62 реферати од 14 земји, со што за прв пат на конференцијата да има учесници од 4 континети (Европа, Америка, Африка и Азија).

Конференцијата ќе се отвори на 17 јануари во 13 часот во Куќата на Уранија, а пред тоа во 12 часот ќе се отвори фото-изложбата „Славата на бреговите на Нил: Културното наследство на Египет“, во просториите на Музејот „Куќата на Робевци“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука