kerim3

Контра вести на Супер радио – Охридски/Ohridski КЕРИМ News Vol. 176 (ВИДЕО)

Охрид, 17. јануари 2016 (ОХРИДПРЕС) – Најдобра музика, проверени, брзи и точни информации, но и насмевка на вашето лице.

Ова се трите моменти кои ги имате на едно место, доколку вашиот радио приемник е „наштиман“ на 97.00 Mhz на FM скалата, можеби не слушате на www.superradio.com.mk или се читаме на www.ohridpress.com.mk.

Токму во делот со насмевките, Супер радио објавува „осврти“ на актуелните состојби во Охрид, Македонија и светот, низ призмата на една од охридските легенди, популарниот Керим.

Транскрипт на охридските/ohridskite КЕРИМ News „вести“ во оригинал:

– Вие не мојте да бидите депресивни вие бидите културни чесни поштени како и секогаш и никогаш немојте да мразите затоа што господ дават и водат и сонце и оган. Значи со тој оган ако фатет работа огнот ќе ги изгорит, значи чоек да не чепниш нема да те чепнит ако чепниш ќе те чепнит е то беше од мене а вие слушате супер радио коне нон стоп со вас њус како и секогаш …

Слушајте ги охридските/ohridskite „вести“ во КЕРИМ News, секој ден во 09:00, 13:00, 17:00, 01:00 и 05:00 часот на Супер радио. На OhridPress имате и транскрипт од „вестите“, но и видео материјал. Сите вести ќе можете да ги погледнете ОВДЕ, но и на официјалните Facebook страни на Супер радио и OhridPress. (Крај).