Избор Култура Охрид

Златната ракавица од Охрид дел од изложбата на фотографии „Балканот – споделено културно наследство“ во МАНУ

Скопје/Охрид, 11. февруари 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во Ликовната галерија на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) беше отворена изложба на фотографии со наслов „Балканот – споделено културно наследство“.

На дел од фотографиите се наоѓа и познатата златна маска и златна ракавица од Горна Порта во Охрид, кои се наоѓаа во Националниот археолошки институт во Бугарија, а беа вратени во Охрид.

Фотографиите не експонати од културното наследство од Охрид се најдоа на едно место со фотографии на артефакти од 11 балкански држави. Организирана од бугарската амбасада и Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје, под покровителство на УНЕСКО, а како дел од соработката меѓу МАНУ и Бугарската академија на науките – БАН, оваа патувачка изложба за првпат била презентирана лани во Париз. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука