Култура

Славе Ѓорго Димоски денес ќе ја прими наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга за 2015

Охрид, 12. февруари 2016 (ОХРИДПРЕС) – Денес во просториите на Друштвото на писателите на Македонија во Скопје, ќе му биде доделена наградата „Ацо Шопов“ за 2015 година на охридскиот поет Славе Ѓорго Димоски.

Димоски ќе ја прими наградата за најдобра поетска книга за стихозбирката „Јазичен триптихон“.

Славе Ѓорго Димоски е член на Друштвото на писатели на Македонија, поет и писател за деца и возрасни. Роден е во Велестово. Моментално предава како професор по македонски јазик во охридската гимназија. Автор е на 11 збирки поезија, многу книги за деца. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои: „Млад борец“, „Млада Струга“, „Браќа Миладиновци“, а деновиве ја доби и наградата „Ацо Шопов“.

На свечениот собир посветен на 69-годишнината од формирањето на македонската писателска асоцијација, традиционално ќе се додели и наградата „Ванчо Николески“, за најдобра детска книга, која го носи името на познатиот охридски писател за деца. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука