Juventus

Јувентус продолжи со победничката серија

Торино, 29. февруари 2016 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на Јувентус го продолжија шампионскиот поход откако синоќа победија во уште еден дерби меч од калчолигата.

Тимот од Торино во „Derby d`Italia“ со 2-0 го победи Интер и им ги намали шансите на „нераоазурите“ од борбата за титулата и дополнително им го отежна патот до третото место кое води во Лигата на шампионите.

„Старата дама“ е лидер на табелата со 54 бодови, четири повеќе од Наполи, кој има и натпревар помалку.Клубот од Неапол вечерва од 21 часот ќе гостува кај Фиорентина. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива