Кајмакоски доби Оскар на популарноста
Бања Лука, 2. март 2016 (ОХРИДПРЕС) – На доделувањето на регионалните музички награди, кои се одржаа во Бања Лука, Босна и Херцеговина, струшкиот музичар Даниел Кајмакоски освои Оскар на популарнста.
Неприкосновениот победник на првата сезона на музичкото шоу Х Фактор пред две години, продолжува да ги освојува симпатиите на балканската публика. Така, на босанските музички награди беше удостоен со Оскар на популарноста.
Кајмакоски ја најави и новата песна „Само за љубов“, која во скоро време публиката ќе може да ја слушне. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |