Избор Охрид

Редок туристички простотилак во Охрид: Го нападна лебедот за да се слика со него (Фото)

Охрид, 4. март 2016 (ОХРИДПРЕС) – Група туристи од соседството се во посета на Охрид. И тоа, ќе се сложите, е добро за туризмот, за економијата, за градот, за промоцијата на земјава… Но, не е добро кога лица како главниот лик од редовите подолу ја сочинуваат таа туристичка група. Не само што не е добро, туку е и опасно.

lebedfoto2Овојпат опасно беше за лебедите во езерото. Оваа жена на фотографијата, која дошла да ужива во убавините на Охрид и езерото, влезе во студената вода и најбрутално ја извлече кутрата птица од водата за да се фотографира со неа.

И еве ја, пред таа гордо да ја објави фотката со лебедот на сите социјални мрежи, пред да собере стотици срценца и лајкови, ја објавуваме фотографијата на нашиот фоторепортер за да собере илјадници срамови.

извор: Вечер фото: Н. Батев

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука