Здравје Избор Охрид

Одбележување на Светскиот ден на бубрегот во Охрид

Охрид, 5. март 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во четврток 10 март се одбележува 11-годишнината од Светскиот ден на бубрегот (WKD), најпрославуван настан кој се фокусира на здравјето на бубрезите во целиот свет.

Истиот ден во организација на Здружението на бурежно болни граѓани Нефрон, во соработка со Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи (МЗНДТВО), ќе се одржи едукативна работилница и спортски натпревар посветен на Светкиот ден на бубрегот во ОУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид.

Во светски рамки ова е настан инициран од страна на Меѓународното здружение за нефрологија (ISN) и Меѓународната федерација на бубрежни фондации (IFKF).

– Во Р. Македонија Здружението на бурежно болни граѓани Нефрон, во соработка со Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи (МЗНДТВО), како и учество на одговорни личности во сегментот на здравството од државните институции во РМ, МАНУ и други здравствени установи и организации, а со подршка на медиумите – традиционално се приклучува во глобалната светска мрежа на организации кои го одбележуваат денот, вели Прим.др.Љубинко Трпеноски, претседател на Здружението на бубрежно болни граѓани Нефрон.

Превенцијата на бубрежна болест како главна алка се истакнува во 11-то одбележување на WKD. Радувајќи се на успесите од претходната година, и на успешната кампања, организаторите на Светскиот ден на бубрегот годинава порачуваат “Децата & бубрежните болести – дејствувај навреме за да ги спречиш’’. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука