semejstvokiril

Малиот Кирил ќе биде опериран во вторник, на 8-ми март

Охрид, 6. март 2016 (ОХРИДПРЕС) – Денес имавме средба со светски реномираниот неврохирург проф. д-р. Мемет Озек кој воедно и ќе ја води операцијата на Кирил, информира таткото на 11-месечниот јунак, зад кого застана целата охридска, но и македонска јавност.

– Операцијата е закажана за вторник, осми март. Утре ќе има конзилиум на сите доктори кои ќе земат учество во спроведување на операцијата, при што ќе се донесе и план за истата. После конзилиумот ние ќе имаме средба со проф. д-р. Мемет Озек на која ќе не запознаат со сите детали околу операцијата. Ви благодариме на сите за поддршката и за убавите желби, напиша таткото на Кирил Форан на Фејсбук.

Кирил, заедно со неговите родители се бори да ја победи тешката болест, односно туморот на мозокот – Rhabdomyosarcoma, што е редок вид на рак во примарниот мозок. Третманот чини околу 80.000 долари.

Во меѓувреме, може да се донира на денарската сметка: Кирил Митрески: 370006305464561 при Еуростандард банка АД Скопје. Активни се и телефонските броеви за донација – 070 143 153 и 075/077 143 462. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива