Избор Партии

ВМРО-НП: Редно е Бакрачески и Спасески да сработат нешто

Охрид, 15. март 2016 (ОХРИДПРЕС) – На вчерашната седница на Советот на Општина Охрид, Димитар Спасески во улога на секретар, а во името на градоначалникот Никола Бакрачески, уште еднаш покажа дека Локалната самоуправа нема слух за образованието во Охрид, реагираат од ОК на ВМРО-НП.

– Имено, за информација на граѓаните, инвестициите на Бакрачески и Спасески во образованието во 2015 година изнесуваат вкупно цели 16.000 евра. Исто така, Владата на Република Македонија единствените средства вложени во образованието во Охрид ги вложи во реконструкција на мала училишна сала во Косел. За трагедијата да биде поголема, Бакрачески и неговиот соработник, Димитар Спасески ветуваат дека ќе биде решен проблемот со ОУ „Григор Прличев“, но тој проблем никако да се затвори. Со тоа се доведува во прашање нормалното работење на училиштето, а се поставува прашањето со какви средства функционира самото како институција, стои во дописот испратен до медиумите.

Од партијата додаваат дека охриѓани знаат дека од ветувањата на Бакрачески и Спасески, ниту еден капитален објект не е започнат во Охрид, ниту пак има план да се започне.

– Спортските сали во училиштата ќе останат само на хартијата во т.н. програма на ВМРО-ДПМНЕ. Доволно беше „плачење“ од владејачката партија. Им остана уште само една година за локалната власт и редно време нешто да сработат, додаваат од ВМРО-НП. (Крај)

извор: ВМРО-НП фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука