Marcus Rushford

Маркус Рашфорд добива нов договор и поголема плата

Манчестер, 24. март 2016 (ОХРИДПРЕС) – Младата ѕвезда во подем на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд од следната сезона ќе игра за поголема плата во однос на актуелната.

Според британските медиуми, ова лето 18-годишниот напаѓач ќе потпише нов повеќегодишен договор според кој платата ќе му биде дури 15 пати поголема од она што ја прима во моментов.

Рашфорд неделно ќе заработува по 15 илјади фунти, многу помалку од останатите фудбалери ,но сигурно ќе биде голем стимул за тинејџерот кој последниот месец ја воодушеви целата фудбалска јавност во Англија. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива